Српската фурија ја „збриша“ и Финска

Кошаркарската репрезентација на Србија вечерва во „О2 Арена“ го одигра натпреварот од третото коло од групната фаза на Европското првенство, а овојпат „орлите“ остварија убедлива победа над Финска од 100-70.

Србија фуриозно го реши и овој противник, успевајќи да го неутрализира противникот уште во првиот и вториот период, демонстрирајќи целосна контрола и моќ во нападот и одбранта. По ваквиот пристап кон играта на пауза се замина со предност од плус 28 поени, 62-34 (33-22, 29-12).

Во вториот дел Србија рутински го заокружи мечот, успевајќи да ја сочува предноста за нова – трета победа во низа, по триумфот над Холандија и Чешка, па сега остана единствена непоразена репрезентација во групата.

Кај Србија се истакнаа Василије Мициќ и Немања Недовиќ со 14 поени, додека кај Финска Лаура Марканен со 18 поени. Следен противник на Србија ќе биде Израел.

Вечерва во истиот термин се одигра уште еден меч, Украина ја оствари тертата победа во низа, а овојпат беше подобра од Италија со 84-73.

Натпреварот беше изедначен во првиот дел, па истиот се решаваше во третиот период и во последната четвртина (19-15, 27-16). Свјатослав Михаилук со 23 поени се истакна кај Украина, додека кај Италија доминираше Ахил Полонара со 15 поени.

Се вчитува...