Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, и на неколку клубови меѓу кои и Рома, Интер, Милан, Реал Мадрид… смета дека Ерлинг Халанд не е најдобар напаѓач во Манчестер Сити, и покрај тоа што норвешкиот „бомбардер“ ја почна сезоната со 10 гола на само шест натпревари.
Изненадувачки е тоа што според Касано, Хулијан Алварез кој стигна во Сити ова лето, е подобар од Халанд. И покрај тоа што Халанд веќе ги руши рекордите во Премиерлигата по само шест одиграни меча, сепак, за Касано не е најдобриот.
„За мене Алварез е многу посилен од Халанд. Халанд ќе даде 90 голови, неверојатен е, посилен е од Лукаку, но Алварез е повеќе играч од Халанд. Халанд не е посебен, во него го гледам Адријано од Интер и малку Кристијан Виери“, рече Касано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

