Пујол: Лео секогаш е добредојден во Барселона

Лео Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната по што може да замине од клубот и да се врати во својата Барселона. Легендата на каталонците поради финансиски причини не успеа да го продолжи престојот на „Камп Ноу“, но сега истите се надминати па сцената е подготвена за камбек.

На оваа тема говореше и неговиот поранешен соиграч Карлос Пујол кој вели дека аргентинскиот ас секогаш е добредојден во Барселона.

„Не е доцна за враќање на Меси. Тој има уште година од договорот и се може да се случи во овој период. Зависи од Чави и Лео, но тој секогаш е добредојден во Барселона“, вели легендарниот стопер.

Се вчитува...