Лука Дончиќ се вклучи во дискусијата околу скандалите ЕП во Германија, Чешка, Италија и Грузија. Тој за литванските медиуми потенцираше дека мора нешто да се направи околу судењето, па испрати јасна порака до организаторите и ФИБА.
Словенечкиот репрезентативец воедно даде свој коментар и пеколниот ритам во кој се игра на континенталните собири.
„Сите можат да погледнат што се случува на средбите од ЕП. Украденото време на средбата Грузија-Турција, техничката грешка што ѝ беше украдена на Литванија, има и уште неколку други слични примери. Сето ова е многу. ФИБА мора под итно да реагира, да си ги среди судиите. Ова веќе нема смисла … Дополнително морам да кажам дека распоредот е поеколен и тежок … Играме четири меча во пет дена. Мора да се најде време за подолг одмор“, изјави Дончиќ.
Словенија во досегашните три средби има скор 2-1, а во денешното четврто коло ќе ги одмери силите со домаќинот на групата, Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

