Стартува Лигата на шампионите – Ристовски и Адеми против Челси на „Максимир“

Денеска стартува Лигата на шампионите со осумте натпревари во групите од „Е“ до „Х“. Ќе се играат доста интересни натпревари, а дербито е во Париз кае што ПСЖ ќе го пречека тимот на Јувентус.

Македонија сезонава ќе има три претставника во групната фаза во најелитното натпреварување, од кои двајца стартуваат вечерва. Динамо Загреб на Аријан Адеми и на Стефан Ристовски го стартува патот против поранешниот европски шампион Челси. Во оваа група се среќаваат уште и Салцбург – Милан.

„Не чека важен натпревар која силно ја посакувавме, тоа е награта за освоеното прво место. Ова е големо задоволство да се игра тука, и сигурен сум дека од ова натпреварување сите ќе профитираме. Не сме во ниту еден натпревар фаворити, но на секој меч ќе ја бараме својата шанса. Очекувам пред нашите навивачи да бидеме вистинските, ќе бараме шанса. Ова е елиминациски натпревар, мораме да се радуваме и да уживаме“, рече Анте Чачиќ, тренерот на „модрите“.

Манчестер Сити, еден од најголемите фаворити за титулата оваа година има гостување во Севилја, а европскиот првак Реал Мадрид ја почнува одбраната на титулата од Глазгов, кај Селтик.

Останатите екипи имаат лесни задачи на хартија. Борусија Дортмунд го пречекува Копенхаген, Лајпциг игра како домаќин против Шахтјор, додека Бенфика на свој терен ја пречекува Макаби Хаифа.

Се вчитува...