И тоа го дочека: Фред му се изнасмеа на Роналдо па стана топ тема на Твитер (ВИДЕО)

Загревањето на Кристијано Роналдо, Фред и Касемиро пред натпреварот против Арсенал донесе комична ситуација која и неколку дена по завршувањето на мечот сеуште е топ тема на социјалните медиуми, а во центарот на вниманието повторно е португалскиот ас.

Додека играчите си додаваа со топката, истата стигна до Роналдо кој два пати се обиде да ја додаде со пета, но не успеа. Неуспехот на Португалецот беше повод за смеа на Фред, а потоа и смеа на „Твитер“ каде навивачите го прокоментираа неуспехот. „Човеку па и Фред ти се смее“, „Тој мисли дека е Нејмар“, „Финишналдо“… беа само дел од коментарите.

Се вчитува...