Марио Младеновски го засили Шкупи

Марио Младеновски е нов стопер на Шкупи. 21-годишниот фудбалер доаѓа од Ботев Пловдив, и се враќа во македонскиот шампионат каде настапуваше за Македонија ЃП и за Вардар. Претходно беше дел од Фремад од Данска.

Младинскиот репрезентативец потпиша договор на две години со чаирскиот тим. Посредник во трансферот беше екс репрезентативецот Горан Попов кој сега работи како менаџер.

Младеновски доаѓа како засилување на стоперската позиција, по заминувањето на Сенгор во Турција. Минатата сезона Младеновски ја мина како позајмен во Македонија ЃП, и беше еден од заслужните за излезот во Европа на „лавовите“.

Во овој преоден рок Шкупи се засили со Демири, Ѓорѓиев, Тимовски, Ацковски, Абдула, Спиркоски, Бајрами, Адем, Златков, Диене, Цефас и Ричков. Чаирскиот тим потпиша и со Каланоски, но тој во истиот преоден рок си замина од Чаир.

Се вчитува...