Петровиќ: Радува дисциплината на играчите, допрва ќе бидеме уште подобри

МЗТ Скопје успешно ги стартуваше подготовките за новата сезона, триумфирајќи на контролниот меч во Солун против екипата на Арис (66-70).

Тренерот Александар Петровиќ за овој меч не можете да смета на Ајви, Максвел, Мекиќ, Јигитоглу и Андоноски, но и со комбиниран состав македонскиот првак успеа да слави над грчкиот прволигаш.

„Генерално гледано, задоволен сум што добивме меч против квалитетен противник иако настапивме без неколку кошаркари. Секако дека има простор за напредок, ова беше прв меч на кој пред се ме радува дисциплината во играта на кошаркарите, како и ангажираноста во одбраната. Верувам дека допрва ќе бидеме уште подобри, имаме доволно време да ја темпираме формата до стартот на сезоната“, изјави Петровиќ.

Следниот пријателски натпревар тимот на МЗТ Скопје ќе го игра в сабота, на домашен терен против српскиот тим „Здравље Лесковац“.

Се вчитува...