Шкендија денеска официјално ги реализираше најавените промени во раководството на клубот.
Професор д-р Замир Дика е нов претседател на клубот, а функцијата спортски директор ќе ја извршува поранешниот фудбалер на германска Херта, Харун Иса.
Универзитетскиот професор Замир Дика доаѓа на чело на клубот по неговиот претходен академски ангажман, каде, меѓу другите, беше и ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа. Харун Иса, пак, ќе биде одговорен за спортскиот дел во клубот. Новиот спортски директор е познато фудбалско име во земјава и странство, поранешен фудбалер со богата интернационална кариера. Неговото искуство во Бундеслигата со клубот Херта БСЦ, а подоцна и Тенис Борусија, Ауе, Унион Берлин и Оснабрик, како и претходно со Херта се очекува да биде ставено во служба на Шкендија. Иса ќе работи во спортскиот дел заедно со поранешните фудбалери на Шкендија, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи.
Администрацијата, односно Финансиското и административното раководство на клубот ќе го води Лулзим Имери, а Валдрин Илази е нов член на управниот одбор на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

