Влатко Костов и Тиквеш и дефинитивно се разделија. Раководството на кавадарчани ја прифати оставката на штипскиот тренер, и му се заблагодари на соработката.
Костов после поразот од Силекс поднесе оставка, која не беше прифатена, но потоа во разговор на двете страни се случи разделба.
„Шефе, ти благодариме за се!“, стои во објавата на Тиквеш на „Фејсбук“.
Ова е четврта тренерска смена за краток период во ПМФЛ. После ова коло смена имаше во Академија Пандев и во Шкендија, а претходно Гоце Седлоски се раздели со Шкупи. Наскоро се очекува промоција на новото тренерско име во таборот на Тиквеш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

