Борусија Дортмунд ја има поддршката на својот „Вестфален“ против Копенхаген. На трибините дојде и напаѓачот Себастијан Халер, кој поради болест не може да му помогне на својот тим во натпреварите во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.
Халер потпиша за Борусија како замена за Халанд за 30 милиони евра, меѓутоа набрзо за време на подготовките му беше дијагностициран канцер на тестисите, и мораше да оди на операција. Потоа се покажа дека ќе мора да прави и хемотерапија, и ќе го нема неколку месеци во тимот.
Халер во добро расположение денеска на трибините во Дортмунд ќе даде поддршка за „жолто-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

