Ристовски и Адеми му земаа „скалп“ на Челси, Борусија Д. лесно против Копенхаген (ВИДЕО)

Мислав Оршиќ е херојот на Динамо Загреб, носејќи ја првата победа за „модрит“, и тоа не против било кого, туку против Челси, еден од најквалитетните екипи во Премиерлигата. Оршиќ во 13. минута после еден противнапад го „матираше“ Менди, што на крајот се покажа како голем триумф за Динамо.

Адеми и Ристовски беа стартери, а капитенот на Динамо излезе во 88. минута.

На вториот меч, Борусија Дортмунд стигна до стартна победа во ЛШ победувајќи го Копенхаген. 3-0 на крај победа за „милионерите“ со головите на Ројс, Гереро и Белингем.

Ројс донесе водство во 35. минута после една супер соло акција, а Гереро на 2-0 зголеми во 42. минута по одлично проигрување од левата страна.

Во вториот дел Борусија имаше многу шанси да дојде до трет гол, а тоа му успеа Белингем во 83. минута по речиси идентична акција како вториот дел.

Се вчитува...