Норвешката гол машина Ерлинг Халанд се запиша во историјата на Лигата на шампионите, со тоа што стана првиот кој што постигнува гол на дебитантските настапи за сите три тима во кои настапуваше во најелитното друштво.
Халанд на дебито за Салцбург се запиша во листата на стрелците, а истото го стори и кога дебитираше во ЛШ за Борусија Дортмунд. Вечерва против Севилја, тој го постигна првиот гол за својот тим и со тоа постигнува гол на секое деби во нов тим во ЛШ.
Со тоа продолжува супер формата на Халанд, кој во Премиерлигата имаше 10 гола во шест меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

