ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Гол-машината Килијан Мбапе

Со вчерашните два гола против Јувентус, играчот на ПСЖ Килијан Мбапе стана најмладиот стрелец кој стигнал до 35. гола во Лигата на шампионите. На францускиот репрезентативец тоа му успеа со 23 години и 260 денови, и го надмина рекордот на Лионел Меси, кој до 35. гол во најелитното европско натпреварување стигна на 23 години и 307 дена.

После Меси следуваат „кралевите“ на стрелците во ЛШ и тоа Раул Гонзалес, Карим Бензема, Томас Милер и Кристијано Роналдо.

Рекордот на Мбапе може да го стигне Ерлинг Халанд кој вчера постигна два гола во победата на Манчестер Сити над Севилја од 0-4 и со тоа стигна до бројката од 23 гола во 19 натпревари, а сеуште нема 23 години.

Се вчитува...