ЛШ: Мбапе му „пресуди“ на Јувентус, Реал Мадрид и Сити тргнаа победнички (ВИДЕО)

Во дербито на денешните натпревари во 1. коло во ЛШ, ПСЖ го совлада Јувентус со 2-1. Парижаните дојдоа до оваа победа потешко од што се надеваа, особено по првиот дел кога прелесно стигнаа до 2-0. Меѓутоа Јувентус не се предаде, и не само што постигна гол во вториот дел, туку се закануваше дека може да дојде и до бод, па неколку пати одбраната на францускиот тим беше во невидена паника. Меѓутоа на крајот еден од фаворитите можеби и за титула во ЛШ стигна до трите бода благодарение на двата гола на Килијан Мбапе.

Мбапе својот прв гол го постигна во 5. минута, а вториот во 22. минута за да донесе убедливо водство од 2-0 за ПСЖ. И кога се чинеше дека домашните имаат се под контрола, во 53. минута МекКени успеа да намали и да донесе надеж дека Јувентус може да остане непоразен од овој дуел. Сепак, до крајот на мечот не дојдоа до посакуваниот втор гол за израмнување, и покрај тоа што имаа шанси. Нејмар во финишот можеше да донесе и поубедливо водство, но неговиот обид го одбрани Перин.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид дури во вториот дел успеа да го „скрши“ отпорот на Селтик. Блицикригот на „кралевите“ траеше четири минути, кога Винициус донесе водство во 56. минута, а во 60. минута Лука Модриќ зголеми на 2-0. Еден Азар во 77. минута го донесе кралскиот тим до 0-3.

И Бенфика исто така се мачеше до 50. минута во мечот со Макаби Хаифа, за потоа со два брзи гола да го реши победникот. Рафа Силва во 50. минута, и Грималдо во 54. минута брзо донесоа 2-0 за Португалците.

Шахтјор го направи можеби најголемото изненадување во вечерашните дуели во Лигата на шампионите, победувајќи го тимот на Лајпциг. Швед донесе водство за Шахтјор, а Симакан израмни во 57. минута. Сепак, Швед само минута подоцна носи водство за тимот од Украина, а Лајпциг целосно „потона“ со третиот гол на Шахтјор кој беше дело на Мудрик. За целосна катастрофа на германскиот тим се погрижи Траоре во 85. минута кога ги постави конечните 1-4.

Манчестер Сити без проблеми и на „крилата“ на Ерлинг Халанд го совлада составот на Севилја, кој продолжува со лошите резултати на стартот од сезоната.Халанд беше двоен стрелец со головите во 20. и во 67. минута, а гол постигна и Фоден во 58. минута. Диас во 90. минута само ја потврди убедливата победа на Сити.

Иако важеше за фаворит, Милан освои само бод на гостувањето кај Салцбург. Австрискиот тим водеше со гол на Окафор во 28. минута, а Салемакерс израмни во 40. минута.

Претходно Динамо Загреб направи сензација совладувајќи го составот на Челси со 1-0, а Борусија Дортмунд беше подобра од Копенхаген со 3-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...