Денешниот ден мина без некои големи сензации какви што ги имаше во минатите денови. Може да се каже дека најголемо изненадување беше победата на Бугарија над Грузија.
Литванија стигна до првиот триумф, совладувајќи ја селекцијата на Унгарија. Валанчиунас постигна 21 поен во победата, а Литванија константно водеше низ четвртините и само ја зголемуваше разликата која на крај стигна до 23 разлика (87-64).
Финска со 98-88 ја совлада селекцијата на Чешка, која потврфли во првата и во третата четвртина. Се обидоа чесите сда се вратат, но тешко одеше во финишот.
Бугарија благодарение на одличната игра во вториот дел ја победија Грузија. Словенија по поразот од БИХ, ја победија Германија и тоа среде Келн. Лука Дончиќ ги водеше Словенците до победа со 25 поени. На крајот беше 88-80 за Словенија.
Србија продолжува да победува на Евробаскетот, и дојде до четвртиот триумф. Најновата „жртва“ на нашиот северен сосед беше селекцијата на Израел. Избраниците на Светислав Пешиќ триумфираа со 89-78, а најефикасен беше Јокиќ со 20 поени.
Италија беше подобра од Хрватска со 81-76 и тоа благодарение на импресивната партија во последниот период. Хрватите влегоа со +4 во последниот период, но последниот период Италијанците го добија со девет разлика, и така дојдоа до триумфот. Залудни беа 27-те поени на Богдановиќ. Фонтекио кај Италија беше најефикасен со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

