Сега Шпетим Дуро фаворит за клупата на Шкендија

Откако, се чини, пропадна можноста Ќатип Османи да се врати на клупата на Шкендија и да се обиде да дојде до четвртата шампионска титула, сега искусниот Шпетим Дуро е главен фаворит за да ја преземе тренерската палка во таборот на тетовските „црвено-црни“.

Дуро со тоа трет пат би се вратил во овој клуб. Првиот „мандат“ на клупата го мина во сезоната 2013/2014, а потоа по авантурата во Партизани, се врати во Шкендија во 2015 година.

62-годишниот Дуро во својата кариера има водено многу албански тимови. Последен клуб му беше Љачи, а претходно седеше на клупата на Дрита, Фљамуртари, Влазнија, Скендербег, Беса, Партизани, Аполонија, Динамо Тирана, Билиш Балш. Беше и асистент во селекцијата на Албанија во 2006-2007.

Шкендија е во потрага по тренер откако се раздели со Артим Шаќири, кој го водеше тимот низ европските натпревари, но слабите резултати во ПМФЛ беа пресудни да се раздели со некогашниот првак.

Се вчитува...