Србија рутински славеше над Израел со 89-78 за четврти триумф од почетокот на Евробаскет, со што српскиот состав е многу блиску до првото место во групата во пресрет на нокаут фазата.
Селекторот Светислав Пешиќ сепак е свесен дека ништо не е завршено и најголемите предизвици на овој шампионат допрва следат, па искусниот стратег предупреди дека еуфоријата може да донесе само лоша работа за „орлите“.
„Зад нас е уште еден меч и уште една победа, овојпат против Израел. Дадовме 89 поени со одличен процент на шут, но се уште имаме простор за напредок. Ајде само да не се „пуваме“ премногу, да не летаме во облаци. Тоа што сите вие верувате во нас ни дава добро чувство, но не сакам веднаш да се создаваат преголеми очекувања со кои ќе се изврши притисок врз играчите. Додека фаворитите во другите групи губат, ние сме со исто толку победи колку што одигравме натпревари, но вистинските предизвици допрва следат“, истакна Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

