Мамиќ повторно контроверзен: Имате среќа што Динамо Загреб не игра во Премиер-лигата

Аријан Адеми, Стефан Ристовски и нивниот Динамо Загреб се уште се тема број еден во фудбалска Европа, откако синоќа на неверојатен начин славеа над двократниот европски шампион Челси со 1-0 во 1. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Поранешниот прв човек на „модрите“, Златко Мамиќ имаше повторно една контроверзна објава на социјалните во која вели дека англичаните имаат среќа што Динамо Загреб не се натпреварува во Премиер-лигата.

„Динамо-Арсенал 2-1, Динамо-Тотнем 3-0, Вест Хем-Динамо 0-1, Динамо-Челси 1-0. Среќа ваша што Динамо не игра во Премиер лигата“, напиша Мамиќ.

Загрепчани во моментов се првопласирани во групата во која уште се Салцбург и Милан, кои синоќа одиграа нерешено (1-1).

Се вчитува...