Лани се бореше за опстанок во 2. лига, а сега со деби во ЛШ: Оваа вечер никогаш нема да ја заборавам

Вчера за Борусија Дортмунд на голот дебитираше Александар Мејер. Чуварот на мрежата на „милионерите“ го имаше своето деби, и тоа на меч во ЛШ против Копенхаген.

Мејер дојде во Борусија летово како трет голман. Но, ја имаше таа среќа во последен момент Грегор Кобел да се повреди, и да отпадне од овој дуел, а вториот голман Марсел Лотка е надвор од терените веќе некое време. Затоа тренерот Един Терзиќ немаше друг избор, освен за Мејер на голот.

Интересно е тоа што Мејер до лани беше дел во Јан Регензбург, и со тимот се бореше за опстанок во 2. германска лига. На крајот тимот на Мејер заврши како 15-ти, од 18 тима и за „влакно“ се спаси. Потоа за Мејер дојде трансферот во Борусија и прифати да биде трет избор.

„Каков ден, каков натпревар. Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер“, рече Мејер. 

Борусија вчера дебитираше со „чиста мрежа“. Неговиот Дортмунд го совлада 3-0 тимот на Копенхаген.

Се вчитува...