Шок за Србија: Недовиќ во „аут“ до крајот на Евробаскетот

Проблемите со повреди во српската кошаркарска репрезентација продолжуваат понатаму. „Орлите“ кои се мачеа и пред почетокот на Евробаскетот сега остнаа без услугите на Немања Недовиќ кој стекна повреда на вчерашниот натпревар против Израел.

Во текот на првото полувреме Недовиќ заработи повреда на листот, која ќе го оддалечи од терените подолг период и нема да биде во комбинација во продолженето од континенталниот собир.

Сепак селекторот Пешиќ доби и добри вести со оглед на тоа што повредата на Владимир Лучиќ кој доби удар во коленото не е сериозна и тој ќе продолжи да настапува на Евробаскетот.

Србија во четврток ја очекува битката против Полска за првото место на табелата во групата „Д“.

Се вчитува...