„Мислев дека новиот режим во Челси ќе биде поразличен од ерата на Абрамович“

Преголемата сума на пари потрошена за нови засилувања (300 милиони евра) во комбинација со лошиот почеток на сезоната беше кобна по Томас Тухел. Германскиот стратег по вчерашниот пораз од Динамо во Загреб и официјално беше „шутнат“ од клупата на „Стемфорд Бриџ“ по нешто повеќе од една година откако ја освои Лигата на Шампионите.

На темата „Томас Тухел“ говореше и поранешниот фудбалски ас, а денешен аналитичар на Скај Спортс, Џејми Карагер кој вели дека сметал дека трпението на американскиот газда Тод Боели ќе биде поголемо од тоа на Роман Абрамович.

„Шокиран сум бидејќи мислев дека новиот режим во Челси ќе биде поразличен од ерата на Роман Абрамович. Кажав пред неколку дена дека доколку Абрамович сеуште беше газда на Челси, Томас Тухел треба да се плаши за својата работа бидејќи така беше случајот и во минатото со Мурињо, Конте и Анчелоти, а сите тие се големи тренери“, изјави Карагер кој потоа продолжи:

„Стварно мислев дека ќе биде поразлично. Почетокот на сезоната не беше добар и тоа е јасно, но Челси ова лето донесе поголем број на засилувања и му беше потребно време тие да се воиграат. Сигурен сум дека така и ќе биде во следните недели. Дебитираше Обамејнг, Фофана одигра само два натпревара, требаше да добие повеќе време. Мислам дека по следните три натпревари се ќе беше поразлично“.

Се вчитува...