Официјално, на клупата на Академија Пандев се враќа Александар Васоски. Ова беше познато уште претходно, но сега е потврдено од самиот клуб. Васоски после девет месеци се враќа на тренерското место на кое беше, пред да замине во Сараево на почетокот на јануари оваа година.
Во Сараево се задржа само четири месеци, односно од 10 април кога си поднесе оставка и од тогаш е без ангажман. Беше поврзуван и со клупата на Шкупи, но на крајот се реши да се врати во Академија Пандев.
Тој доаѓа на местото на Ѓорге Стојчев кој си замина после поразот на домашен терен од Струга со 0-3. Токму Стојчев во јануари го замени Васоски на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

