Спортинг го освои Франкфурт, Ајакс лесно со Ренџерс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Спортинг Лисабон стигнаа до голема победа од 0-2 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во премиерното коло од Д групата во новата сезона од Лигата на шампионите.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, гостите до големи три бода стигнаа во вториот дел. Едвардс во 65. минута донесе водство од 0-1. Само две минути подоцна Тринкао ги зголеми на 0-2, додека конечните 0-3 ги постави Сантос во 82. минута.

До лесна победа стигна Ајакс кој во А групата славеше над Ренџерс на домашен терен со 4-0. Стрелци на головите за холандскиот шампион беа: Алварез, Бергуис, Кудус и Бергвајн.

Eintracht Frankfurt 0 – [2] Sporting – Francisco Trincão 67'
byu/alexinup insoccer

 

 

 

 

Се вчитува...