Елјиф Елмас и неговиот Наполи му одржаа вистинска лекција по фудбал на англискиот Ливерпул откако на домашен терен славеа со убедливи 4-1 во натпревар од премиерното прво коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Наполитанците до водство стигнаа со голот на Зјелински од пенал уште во 5. минута. Многу лесно можеше да биде 2-0 веќе во 18. минута, но Алисон успеа да го одбрани новиот пенал за домаќините кој не го реализираше Осимен. Сепак, Наполи стигна до водство од 2-0 со голот на Ангиса во 31. минута, додека до крајот на првиот дел Симеоне во 44. минута зголеми на 3-0. Веќе во 47. минута беше и 4-0 со вториот гол на Зјелински. До крајот гостите го ублажија поразот со голот на Диаз во 49. минута. Елјиф Елмас влезе во 74. минута на местото на Зјелински.
Баерн Минхен го освои „Џузепе Меаца“ откако го совлада Интер со 0-2. Водство од 0-1 донесе Сане во 25. минута, додека Баварците до триумф од 0-2 стигнаа со автоголот на Дамброзио во 66. минута. Барселона славеше со убедливи 5-1 против Викторија Плзен, а Роберт Левандовски беше стрелец на три гола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1. КОЛО:
Атлетико М. – Порто 2-1
Барселона – Викторија Плзен 5-1
Бриж – Баер 1-0
Интер – Баерн 0-2
Наполи – Ливерпул 4-1
Тотенхем – Марсеј 2-0
Inter 0 – [2] Bayern München – Danilo D'Ambrosio OG 66'
byu/alexinup insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

