Каков луд натпревар во Мадрид: Атлетико и Порто дадоа три гола во судиското продолжение (ВИДЕО)

Неверојатен финиш ни донесе натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Порто во 1. коло од Б групата во новото издание во Лигата на шампионите. Двата тима се мачеа буквално цел натпревар, за во судиското продолжение да ни приредат неверојатни возбудувања.

Се почна во 82. минута кога Тареми доби втор жолт картон, по што гостите останаа со играч помалку. Во 92. минута Хермосо донесе водство за „јорганџиите“ од 1-0 кое се чинеше ќе биде доволно за триумф.

Сепак, истиот фудбалер четири минути подоцна играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по што Урибе израмни од пенал. Антоан Гризман во 11. минута од продолжението беше херој за својот тим постигнувајќи погодок за победа од 2-1.

Atlético Madrid [2]-1 FC Porto – Antoine Griezmann 90'+11'
byu/Meladroite insoccer

Се вчитува...