Ник Кријос ќе мора да плати казна од 14 илјади долари поради неспортски однесување по поразот од Карен Хачанов во четвртфиналето од УС Опен. Австралискиот тенисер елиминацијата не ја поднесе најдобро па скрши два рекета, а со тоа доби и нова казна од раководството на гренд-слемот.
Најголемата казна на турнирот досега го зголеми и конечното „конто“ кое контроверзниот тенисер ќе мора да го плати на 32.500 долари за вкупно пет прекршоци во Њујорк. Како потсетување, тој претходно плукаше кон сопствениот стручен штаб и упатуваше навредливи зборови за што доби казна од 7500 долари.
Вкупната казна ќе биде одбиена од неговата добивка од турнирот која изнесува 473.200 долари. Од истите 445 илјади се за индивидуалното натпреварување, а 28.200 долари за парови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

