Хрватска ја совлада Украина, но до крајот на денот ќе стравува за осминафинале против Србија

Хрватска славеше против Украина со 90-85 во последниот натпревар од групната фаза на Евробаскетот со што го избегна четвртото место во групата „Ц“, но и покрај тоа ќе стравува за осминафинален дерби меч против Србија се додека не заврши дуелот помеѓу „орлите“ и Полска. Србите со победа над Полска ќе ја заверат првата позиција, а доколку загубат како вторпласирани ќе се сретнат со Хрватите.

По изедначената игра во првата четвртина Хрватите ја превземаа иницијативата во свои раце, но и покрај тоа што го контролираа резултатот, не успеаја да ја задржат високата предност. Украинците постојано наоѓа решение за камбек, а до истиот и стигнаа во последната четвртина (69-73). Сепак по промашениот зицер за Постовој односот на паркетот се промени, Хрватите одиграа речиси перфектно до крајот на мечот и сосема заслужено стигнаа до победа.

Лидер на „коцкестите“ со 27 поени и 7 скока беше Боган Богдановиќ, а него го следеше Мавра со 13 поени и 4 асистнеции. Херун беше прво име кај Украина со 21 поен и 5 скока.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Претходно Финска славеше со убедливи 88-67 против Холандија во натпревар во кој Финците ја имаа целата контрола. Доброто отварање на натпреварот и предноста од 26-11 по првата четвртина донесе мирна игра во преостанатиот дел од мечот за заверка на некој од првите три места на табелата.

Предводник на Финците беше Марканен со 22 поени и 3 скока за 18 минути поминати во игра, додека на спротивната страна повторно се издвои Де Јонг, овој пат со 21 поен и 4 скока.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...