Брајтон остана без својот главен тренер откако Челси го откупи договорот на Грем Потер, а во трка со времето „сино-белите“ донесоа одлука тренерската позиција за мечот против Борнмут од 7. коло во Премиерлигата да му припадне на фудбалерот од средниот ред Адам Лалана.
Искусниот 34-годишник се рехабилитира од повреда стекната на почетокот на сезоната па заедно со четиригодини постариот тренер на младинскиот тим, Ендру Крофтс ќе има задача да го извади најдоброто од својот тим во меч против 13. пласираниот тим на табелата.
Лалана кој воедно е и поранешен репрезентативец на Англија кариерата ја започна во Саутемптон, а интересно помина и една сезона во редовите на саботниот противник пред да се пресели во Ливерпул во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

