Чешка го доби натпреварот „да се биде или не“ против Израел и се „чекираше“ во осминафиналето на ЕП

Чешка е последниот патник во осминафиналето од Евробаскетот откако во натпреварот „да се биде или не“ славеше во Прага против Израел со 88-77. Со тоа Чесите им се приклучија на Србија, Финска, Полска, Шпанија, Турција, Црна Гора, Белгија, Словенија, Германија, Франција, Литванија, Грција, Хрватска, Украина и Италија во разигрувањето за медал.

Чесите одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од 16 поени (53-37), но добрата трета четвртина на Израелците ги донесе на негатива од само еден напад на отварањето на последните десет минути. Сепак домаќините навремено ги консолидираа своите редови, ја вратија иницијативата на своја страна и предводени од домашната публика стигнаа до уште една голема победа.

Хрубан беше лидер на Чешка со 23 поени, а него го следеше Весели со 16 поени, 6 скока и 5 асистенции. Мадар постигна 16 поени и 5 асистенции за Израел.

Грција со перфектен учинок од пет победи во пет натпревари влегува во разигрувањето за медал откако славеше со убедливи 69-90 против Естонија. Грците на крилја на Јанис Адеткумпо и неговите 25 поени, 5 скока и 4 асистенции лесно се справија со Естонците, додека најдобар кај балтичката држава беше Вене со 19 поени.

Се вчитува...