Полска само полесен тренинг за Србија пред разигрувањето за медал на Евробаскетот

Српската кошаркарска репрезентација со перфектни „пет од пет“ ја завршува групната фаза од Евробаскетот. „Орлите“ во последниот натпревар од овој дел од натпреварувањето славеа со убедливи 96-69 против Полска, го освоија првото место во групата и закажаа осминафинален натпревар против Италија.

Србија текот на мечот го назначи уште од првата четвртина која ја доби со 28-14, а и покрај обидите на Полјаците се враќање во натпреварот во третата четвртина нашиот сосед ја задржа двоцифрената предност и во ниеден момент не ја доведе победата во прашање.

Селекторот Светислав Пешиќ притоа успеа и да ги зачува своите клучни кошаркари, но и покрај тоа што одигра само 17. минути Јокиќ беше лидер на својот тим со 19 поени и 5 скока. Деби на Евробаскетот имаше Милутинов кој постигна 16 поени и 3 скока. Михајлак беше лидер на Полска со 17 поени и 4 скока.

Италија пак се „чекираше“ во осминафиналето од четвртото место во групата „Ц“ со триумфот над Велика Британија од 56-90 и ќе мора силите да си ги одмери најнепосакувната репрезентација на првенството.

Се вчитува...