Швијонтек и Жабeр во финалето на УС Опен

Ига Швијонтек и Онс Жабер ќе ги одмерат силите во големото финале на УС Опен откако двете тенисерки успеаја да слават во полуфиналните пресметки, оправдувајќи ги фаворитските улоги што ги имаа против Сабаленка, односно Каролин Гарсија.

Жабер и полесно од очекувањата ја совлада Каролин Гарсија, која играше извонреден тенис во изминатиот месец, претходно триумфирајќи на Мастерс-турнирот во Синсинати. Сепак, тенисерката од Тунис синоќа беше доминантна, не оставајќи ниту ронка надеж за противничката со убедлив триумф од 6-1, 6-3. Ова ќе биде второ гранслем финале во кариерата за Жабер, која играше во мечот за титулата на Вимблдон годинава, каде загуби со 1-2 во сетови од Рибакина.

Швијонтек слабо го почна полуфиналето со Сабаленка што противничката го доби со 3-6. Сепак, првата носителка се разбуди во вистински час, доминираше во остатокот од дуелот (6-1, 6-4) и заслужено се радуваше на своето прво финале во Њујорк. Полската тенисерка досега има одиграно две гранслем финалиња, двете на Ролан Гарос, на кои успеа да стигне до пехарот.

Се вчитува...