Мундијалот во 2030 година во нашето соседство и повторно во зима?

Доколку Саудиска Арабија, Египет и Грција ја добијат заедничката организација на Мундијалот во 2030 година, истиот ќе се одржи повторно во зима. За првпат оваа година Светското првенство ќе се одржи во зима во Катар.

Според „Тајмс“, за неколу недели ќе биде објавена заедничката кандидатура, а потоа ќе се одлучува кој ќе биде домаќин. Доколку овие земји ја добијат можноста, С. Арабија ќе сноси дел од трошоците за инфраструктурата во Египет и во Грција.

Доколку се одобри кандидатурата, тогаш за првпат во историјата Мундијал ќе се одржува во нашето соседство.

Сепак, фаворит за организација на Мундијалот за осум години е заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија. Пријавени за организација се заедно и Уругвај, Аргентина, Чила и Парагвај.

Се вчитува...