Младата репрезентација на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.
Првиот контролен дуел го играме на 12. септември со почеток од 15 часот во Струга, на стадионот на ФК Караорман. Два дена подоцна, на распоредот е вториот контролен меч помеѓу овие две селекции, на стадионот Елбасан Арена, во Елбасан со почеток од 16 часот.
обирот на нашата млада репрезентација е закажан на 10. септември во хотел Милениум, во Охрид.
За претстојните натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички);
Одбрана: Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Андреј Величковски (Вардар);
Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Алмир Подграѓа (Работнички), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Никола Манојлов (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Давор Богоевски (Победа), Даниел Коцев (Работнички), Амар Мустафа (Шкупи);
Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА