„Пандевци“ го вратија и Виктор Ангелов

Академија Пандев продолжува со враќањето на членовите на тимот кои помогнаа да биде обезбеден излез во фудбалска Европа, но потоа на почетокот од летово си заминаа од клубот.

Откако Александар Васоски повторно беше именуван за шеф на стручниот штаб, „пандевци“ во тимот да го вратат и Виктор Ангелов, поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

Тој во февруари годинава потпиша за Академија Пандев и имаше добри игри за струмичкиот прволигаш, летово се обиде да најде ангажман во странство, но откако не успеа во тоа, ја прифати понудата за враќање назад во Струмица.

Се вчитува...