Словенците без важен адут во осминафиналето?!

Словенија најверојатно ќе биде сериозно ослабена за утрешното осминафинале против селекцијата на Белгија откако Мајк Тоби не ја санираше целосно повредата на скочниот зглоб заработена пред неколку дена.

Американецот со словенечки пасош поради оваа повреда не настапи на последниот дуел од групната фаза, а денеска имаше само лесно трчање и воопшто не учествуваше во дуел-игрите за време на тренингот на актуелните европски шампиони.

„Одлуката за Мајк Тоби ќе биде донесена непосредно пред почетокот на натпреварот“, соопштија од лекарскиот тим на словенечката репрезентација.

Очекувањата се стручниот штаб да не ризикува со Американецот со надеж дека Словенија и без негова помош ќе ја совлада Белгија, за Тоби потоа далеку подобро физички подготвен да влезе во завршницата од европскиот шампионат.

Се вчитува...