Смртта на Кралицата Елизабета Втора ја зави во црно англиската јавност, па клубовите од Премиер лигата одлучија овој викенд да нема фудбал и со тоа да и оддадат почит на жената која седум децении беше на кралскиот престол.
Британската Влада не даде никакви препораки за преземање на ваков чекор, но клубовите се решија на таков потег, потег кој предизвика различни реакции.
Имено некои луѓе сметаат дека едноставно морало да се игра фудбал на островот, пред се се мисли на премиерлигашите и со тоа на најдобар начин да и се оддаде почит на Елизабета Втора. Од познатите фудбалски имиња се јави Гери Невил и Питер Крауч.
„Пирс, се согласувам со тебе. Спортот може да ја покаже најголемата почит која кралицата ја заслужува, истакна Гери надоврзувајќи се на твитот на Пирс Морган. Знам дека тоа е само игра и некои работи се многу поголеми, но замислете како сите наши натпревари се одржуваат овој викенд. Црни ленти на рацете, молчење, национална химна, кралски бенд кој свири итн. за милионите ширум светот кои гледаат. Нели е тоа подобро испраќање?-напиша пак Крауч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА