УЕФА со дисциплинска постапка по физичката пресметка – Ница и Келн ги чека висока казна!

УЕФА и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалските клубови Ница и Келн по физичката пресметка на нивните навивачи пред мечот од 1. коло на Д групата на Лигата на конференции.

Натпреварот на „Алијанц ривиера“ поради инцидентите доцнеше еден час, а заврши со реми 1-1. Домаќинот Ница ќе биде казнета за кршење на редот и безбедноста, лансирање на проектили, палење на димни бомби и нереди кои ги предизвикаа нејзините навивачи.

Францускиот тим ќе мора да одговара и за недостатоци во идентификација на одговорните лица, обезбедувањето, претресите и филтрирањето на гледачите и ограничување на нивното движење.

Против Келн ќе биде покрената постапка поради фрлање на предмети и палење на димни бомби како и нередите кои ги предизвикаа неговите навивачи. Во нередите во Ница беа повредени 32 лица, вклучувајќи и двајца полицајци и редари, а четири навивачи завршија во болница.

Се вчитува...