Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд ќе играат во финалето на УС Опен. Алкараз во второто полуфинале го победи американскиот тенисер Френсис Тијафо со 3-2 во сетови, 6-7, 6-3, 6-1, 6-7, 6-3.
Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во финалето на УС Опен, откако во полуфиналето го совлада Русинот Карен Хачанов со 3-1 во сетови.
Во сетови беше 7-6, 6-2, 5-7 и 6-2. Натпреварот траеше три часа и три минути.
Руд го сврте дуелот со Хачанов во своја корист во тај-брејкот од првиот сет, кога ситните детали одлучуваа кој ќе дојде до предност. Таа предност ја искористи во вториот сет кој го доби со два брејка.
Во третиот, Руд се чинеше дека има контрола, но Хачанов не попушти. Некако го спаси својот сервис и со брејк во 12. гем го однесе мечот во четвртиот сет.
Сепак, во него немаше дилеми. Руд уфрли во поголема брзина, сервираше одлично, одзеде два брејка и се пласира во големото финале.
Френсис Тијаго доби два сета во тај-брејк, но Карлос Алкараз сепак имаше повеќе сила и нерви да го добие полуфиналниот дуел и да се пласира во финалето на УС Опен.
Моментно седмиот и третиот тенисер во светот ќе се сретнат во финалната пресметка, а победникот ќе ја добие титулата на УС Опен, огромни финансиски приходи од над два милиони долари и статус на светски рекет број еден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА