По четири сета и четири часа и 19 минути борба, Карлос Алкараз го победи Френсис Тијафо во полуфиналето на УС Опен.
Шпанецот сега го очекува борба за титулата и првото место во светот со Каспер Руд.
„Сè беше фантастично за мене. Мислам дека одиграв одлично против Френсис кој одигра неверојатно овие две недели. Прекрасно е чувството да се биде во финалето и да можеш да го добиеш натпреварот по четири часа и 20 минути. Навистина, тоа е неверојатно чувство за мене … Сега разбрав дека треба само да го следите вашиот сон за да успеете, целиот труд што го вложив ден по ден сега се исплати“, изјави Алкараз.
Борбата за титулата ќе биде и борба за број еден на АТП листата.
„Блиску е лидерското место, но во исто време и далечно. Зборуваме за финалето на Грен слем и борбата за првото место во светот. Тоа е нешто за што сонував како дете. Нема што многу да се каже. Тоа е финале на Грен слем. Можам само да уживам во моментот. Ќе имам време да размислувам за тоа утре“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

