Грем Сунес ги обвини Клоп и Салах за лошата форма на Ливерпул

Тимот на Јирген Клоп во моментов игра во шокантна форма и веќе е предмет на посериозни анализи од страна на англиските аналитичари.

Лошиот старт на сезоната во Премиер лигата и очајното издание во Неапол и поразот од 4-1 се доволно јасен сигнал за евидентен пад во формата на тимот, а сега легендарниот Грем Сунес наброја четири клучни точки кои според него прават Клоп да има доста тешка задача во периодот кој престои.

„Првата работа која никогаш не се доведува во шрашање во фудбалот е да дојдете први до топката, а Ливерпул не го прави тоа во моментов. Поради тоа гледаме тим кој е далеку од оној кој навикнавме од Клоп. Ливерпул победуваше поради пресингот на Клоп и интензитетот, но сега го нема тоа во нападот … Едноставно ова не е истиот Салах. Откако го потпиша богатиот нов договор, едноставно не го гледаме Салах кој навикнавме да го гледаме. Дополнително повредите на средината не одат во прилог и тоа мора да се нагласи, но јас сметам дека средниот ред требаше да се засили со воркохолици кој знаат да дадат и добар пас“, заврши легендарниот Сунес.

Се вчитува...