Мота наместо Михајловиќ, Болоња и официјално го потврди новиот менаџер

Екс-фудбалерот на Бразил, Тијаго Мота ќе биде новиот тренер на Болоња, потврди италијанската екипа преку зборовите на извршниот директор Клаудио Фенучи.

Мота на клупата на тимот од „Ренато Даларе“ ќе го наследи српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој доби отказ на почетокот на неделата.

„Мота од понеделник ќе биде тренер на првиот тим“, изјави Фенучи.

Тијаго ќе потпише договор до 2024 година.

Се вчитува...