Кошаркарската репрезентација на Франција потешко од очекуваното успеа да ја совлада селекцијата на Турција на крајот со 86-87.
Французите на почетокот од дуелот воспоставија целосна контрола над противникот во одбраната и нападот, па обезбедија високи 11-18, во првиот период. Сепак, селекцијата на Турција не дозволи одлепување, па во втората четвртина ги следеше во чекор „петлите“ (24-25), на пауза се замина со 35-39, минимално водство за Франција.
Во вториот дел како на терен да беа излезени некои нови играчи. Турската репрезентација ја „торпедираше“ Франција особено во третиот период, откако одиграа супер одбрана и перфектен напад (22-6). Дуелот стана уште поинтересен за гледање, еуфоријата и тензијата се зголемуваше на теренот и на трибините. Во одлучувачкиот четврти период се играше речиси поен за поен, предноста се менуваше. Во последната минута Осман не реализира две слободни фрлања за водство на својата селекција од четири поени, а веднаш потоа Турците направија техничка грешка во напад, па на крај беше обезбедено само реми, 77-77.
Победникот мораше да се одлучува преку продолженија, а овде „петлите“ беа подобри за пола поен, кој беше доволен за голема радост.
Најефикасен кај Франција беше Руди Гоберт со реализирани 19 поени, кај Турција се истакна Буграхан Тунчер со 20 поени.
GOBZILLA 💙 #TeamFranceBasket x @rudygobert27 | #PassionnémentBleu | #EuroBasket | #FRATUR pic.twitter.com/MssH43e2ja
— Équipes de France de Basket (@FRABasketball) September 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

