Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар без поголеми проблеми славеше на домашен терен против Борец со 6-0 во натпревар од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Гостивар славеше на гостувањето кај Пелистер со 1-3 во дерби дуелот на четвртата рунда. Погодоците за гостите ги постигнаа Каланоски, Рамадани и Велинов, додека Дуков беше стрелец на единствениот погодок за домашните.
Воска останува лидер откако славеше над Беса на домашен терен со 2-1.
ВТОРА ЛИГА 4. КОЛО:
ВАРДАР – БОРЕЦ 6-0
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 1-3
ВОСКА – БЕСА 2-1
БЕЛАСИЦА – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 1-1
КОЖУФ – ДЕТОНИТ 0-2
АРСИМИ – ОХРИД 1-0
СЛОГА ВИНИЦА – КАМЕНИЦА САСА 1-1
ТЕТЕКС – КАРАОРМАН 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА