ПОЛУВРЕМЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија ЃП игра со играч помалку, Силекс се спасуваше од негатива

На полувреме Македонија ЃП и Силекс играа без голови. Во првиот дел имаше многу возбудувања, но на крајот никој не дојде до предност. Најблиску беа домашните, и покрај тоа што имаа играч помалку. Од гол линијата спасуваше Љамалари.

Инаку исклучен беше Стефан Лазаревиќ кој во рок од три минути доби два жолти картони и беше испратен во соблекувалната.

И покрај тоа што Силекс ја имаше предноста на теренот, сепак, кратовци не дојдоа до некоја сериозна шанса за водство.

Се вчитува...