Барселона славеше на гостински терен кај Кадиз со убедливи 4-0 во рамки на 5-то коло од шпанската Ла Лига.
Барса без дилема го имаше поседот на топка во своја полза, но сето тоа не беше доволно за закана кон голот на домаќинот. Чави се одлучи да го одмори Робет Левандовски, а тоа се покажа како пресудна одлука за првото полувреме да заврши со непопуларниот резултат, 0-0.
Во вториот дел веќе се беше поинаку, неколку клучни измени кои вродија со плод. Каталонците поведоа преку Френки де Јонг во 55. минута, а по десет минути игра на сцена стапи и Роберт Левандовски, кој само што доби шанса од клупата постигна гол за 0-2. До крајот на мечот во листата на стрелци се запишаа Ансу Фати и Дембеле за нова победа на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

