Хрватска е нов европски првак во ватерполо

Ватерполистите на Хрватска по голема борба и трилер завршница ја совладаа моќната Унгарија, успевајќи да ја симнат од тронот по победата од 10-9 (3-3, 1-0, 4-4, 2-2).

Хрватите во поголемиот дел од финалето беа во водство, а во самиот финиш Унгарија не искористи напад со играч повеќе за реми и продолжение, па славјето во Сплит можеше да започне.

Бронзениот медал го освои селекцијата на Шпанија која по драма ја совлада Италија со 7-6.

Се вчитува...