„Миовски е под лупа на многу луѓе, тешко ќе биде да го задржиме“

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски од ова лето е дел од шкотското првенство каде ги тресе мрежите за славниот Абердин. Напаѓачот на осум одиграни средби веќе постигна шест гола и со тоа го привлече вниманието на поголеми клубови, открива неговиот тренер Џим Гудвин.

Македонецот кој веќе ги собра симпатиите на јавноста со несебничноста по пропуштањето на пенал кој можеше да му го донесе и првиот хет-трик е поврзуван со трансфер во Селтик и Реџерс, но не се исклучува можноста да премине и во англиската Премиерлига.

„Миовски веќе е под лупа на многу луѓе. Тој ќе биде прв напаѓач на Македонија и тешко ќе биде да го задржиме“, вели Гудвин.

Се вчитува...