Антони Марсијал е еден од играчите од кои многу се очекуваше на „Олд Трафорд“, но францускиот репрезентативец никогаш не ги исполни очекувањата. 60 милионското засилување на Манчестер Јунајтед потфрли кога беше најпотребно, а во негова полза не беа ни повредите кои и понатаму го мачат.
Марсијал пристигна во редовите на „црвените ѓаволи“ во ерата на Луис ван Гал, но соработката со холандскиот тренер не траеше долго. По отказот во 2016 година „жешкото столче“ го наследи Жозе Мурињо, а Французинот неодмна откри детали од соработката со Португалецот која заминала во надолна линија откако одбил да го промени бројот, но и покрај тоа следната сезона заиграл со „11-ка“.
„Со Мурињо се започна со приказната за бројот на мојот дрес. За време на одморот, Мурињо ми испрати порака и ме праша дали сакам да го променам бројот, да ја носам 11-та која ја носеше Рајан Гигс. Му кажав дека максимално го почитувам Гигс, но дека сакам да си останам со 9-та. Кога се вратив во клубот, на моето име ја имаше 11-та и таа приказна не заврши баш добро. Мурињо покажа непочитување кон мене“, вели Марсијал кој потоа продолжи:
„Знаеше да зборува во јавноста со мене, имаше мали зајадливи коментари, тој ги сака тие мали игри, но добро знае што прави. Имав 20 години и ако кажев нешто, сите ќе се свртеа против мене, ќе кажеа дека не го почитувам менаџерот. Следната сезона бев најдобар во тимот на стартот, но потоа го доведе Алексис Санчес и речиси да не заиграв“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

