Ига Швјонтек е новата шампионка на УС Опен

Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек е новата шампионка на УС Опен откако во финалето ја совлада Онс Џабер од Тунис со 2-0, освојувајќи ја трета Грен слем титула во кариерата, прва што не е освоена на земјена подлога.

Полјакинјата доминираше во првиот сет кој го освои со 6-2, а и покрај тоа што имаше водство од 3-0 во вториот сет, во него славеше по голема драма со 7-6.

Се вчитува...